Вардар 1961 во Шведска има само една цел – главна рунда во Европската лига

440
Фото: РК Вардар

Екипата на Вардар 1961 вечерва го игра третиот меч во Европската лига. Противник на „црвено-црните“ е тимот на Кристијанштат, дуелот се игра со почеток во 18:45 часот.

Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци на овој дуел влегуваат како лидери на табелата во групата Ф, имаат две победи во исто толку меча, на домашен терен славеа против Сесвете, додека на гостински терен го победија Тулуз. Триумф број три за Вардар 1961 ќе значи заверка на местото во главната рунда.

Противникот пак има победа и реми, одигра без победник против Сесвете, додека триумфираше на гости кај Тулуз.

Вардар 1961 сезонава покажа дека се враќа на старите патеки, тимот од меч во меч изгледа се поевропски и компактабилен. Хемијата е создадена, а составот е добро покриен, Чупиќ во ротација има ракометари кои можат во секој момент да ги решат сите инструкции.

Податок кој вреди да се напомене е дека од стартот на сезоната во Супер-лигата и Европската лига, „црвено-црните“ имааат 13 победи во низа, 11 се домашниот шампионат.

ПретходноВојната продолжува: Јамал е отстранет од селекцијата на Шпанија!
СледноСтајиќ: Се додека постои шанса, ќе се бориме!