Ракометарите на Вардар и вечерва не останаа без поддршка од трибините на гостувањето кај екипата на Кристијанштад во ЕХФ Европската лига. Еден дел од салата во Шведска беше исполнета со навивачите во дресови на Вардар, со македонски знамиња и интересни транспаренти.
Еден од нив го уловија и камерите на ТВ-преносот. Навивачите на Вардар, за жал, останаа без можност за комплетна радост, откако „вардарци“ не успеаја да го реализираат последниот напад за предност, додека домашните во последните секунди се изборија за победа.











