Според резултатите, рекордите, според сите мерила Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите веремиња. Србинот беше интервјуиран од познатиот англиски новинар Пирс Морган. Едно од највпечатлибите прашања што Морган му ги постави беше што би сакал да биде врежано на неговиот надгробен споменик.
„Човек кој ги допре срцата на луѓето“, одговори Ѓоковиќ. Тој објасни и зошто.
„Еден од луѓето кои многу ми помогнаа со менталната сила и еден од најголемите спортски психолози кои некогаш живееле, д-р Џим Лоер, кој работел со многу шампиони и светски број еден, и во машкиот и во женскиот тенис. Едно од неговите главни прашања е: Што би сакале да ви биде напишано на надгробната плоча? Тоа е одлично прашање. И ве тера да размислите, ве тера да се запрашате, знаете, како сакате да бидете запаметени. Јас, би сакал, мислам, очигледно, достигнувања и резултати и круни и титули – тоа е нешто на што сум многу горд. Не можам да го игнорирам тоа. Многу сум горд на тоа. Цел живот работев напорно за да стигнам до точката каде што сум сега и да бидам во оваа дискусија. Затоа го прифаќам тоа со голема гордост“, рече српскиот тенисер.










