Тинејџерка ги „руши“ фаворитките и стигна до 1/4 финалето без загубен сет!

277

Младата тенисерка Ема Радукану се пласира во четвртфиналето на УС Опен откако вечерва приреди уште една сензација со тоа што ја елиминира Шелби Роџерс во два сета (Роџерс вчера ја елиминира светската тенисерка број 1 Ешли Барти). Британката која има само 18 години вечерва славеше со 6:2 и 6:1 и стигна до најголемиот успех во кариерата. Таа е дури на 150-тото место на ВТА лигата, а дебитантка на УС Опен и што е најинтересно до најдобрите осум стигна без да загуби сет.

Во четвртфиналето и стои уште една фаворитка, олимписката шампионка Белинда Бенчиќ која вечерва ја елиминира Ига Швјотнек.

ПретходноВан де Бек: Не можам да се докажам ако играм еднаш месечно
СледноНаjтрофејната африканска репрезентација го отпушти селекторот