РК Пелистер му се заблагодари на Нејц Цехте, кој се пресели во Фуксе! (ФОТО)

124
ФОТО: RK Pelister/FB

И официјално Нејц Цехте својата кариера ќе ја продолжи во Фуксе Берлин. Трансгферот е веќе готов, па така тој во следните шест месеци ќе го носи дресот на овој германски клуб.

Денеска, преку објава на своите социјални мрежи, овој трансфер го потврди и РК Пелистер, клуб кој со пригодни зборови се прости од Словенецот и му се заблагодари на соработката:

Репрезентативецот на Словенија Цехте дојде во Еурофарм Пелистер во 2023 година. Тој како наш член освои две титули шампиони на Македонија, како и еден СУПЕРКУП.

Еурофарм Пелистер му посакува многу среќа во новиот клуб, на овој голем професионалец, а пред се добар човек!

СРЕЌНО НЕЈЦ, БИТОЛА СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ ПАМЕТИ!

ПретходноГвардиола:„Светот ја остави Палестина сама, дозволивме Израел да уништи цел еден народ!“
СледноХаланд се изедначи со Левандовски