“Фалангата“ од Островот тргна накај Кардиф!

108

И дефинитивно нашата репрезентација ќе ја има потребната поддршка од трибините на “Кардиф Сити“ стадионот во Кардиф вечерва на гостувањето кај Велс. Се очекуваат најмалку 700 македонски фанови, припадници на “Фалангата“, оние кои купија билети преку ФФМ за овој меч.

Па така од утринава од неколку градови на Островот, поточно од Велика Британија, Македонците тргнаа накај Кардиф.

Имаше голем интерес меѓу Македонците за овој меч, да имаше повеќе билети и тие ќе беа купени. Сепак најважно што сме тука и што нашите фудбалери ќе ја имаат сета можна поддршка од нас“ велат фановите.

Инаку мечот започнува од 20:45 часот.

ПретходноПМФЛ 14.коло: Шкупи домаќин на Пелистер во Битола!
СледноЌамили е „џокерот“ на Милевски за “бум-бум“ во Кардиф!?!