Шкендија денеска во последниот меч од осминафиналето во Купот на Македонија, со 2:0 славеше против Тиквеш и со тоа се пласира во следната фаза во ова натпреварување. Со оглед на тоа дека шампионот има згуснат распоред, секогаш е важно да се победува и кога не се блеска.
По мечот стратегот на тетовци, Јетон Беќири истакна дека е задоволен од победата ама и загрижен од тоа што Клисман Цаке и Фабрис Тамба се повредија на денешниот меч:
“Најважно е што се квалификувавме за следната фаза.Овие мечеви знаат и тоа како да бидат стресни зошто на нив нема ВАР, се игра еден меч, нема продолженија. Лично го сметав за многу важен. Инаку загрижен сум по повредите на Цаке и Тамба на денешниот меч. Го немаме и голманот Гаје, но и Ване Керстевски долго време и секогаш мислам дека мора да го одржуваме здравјето на фудбалерите и сум решен да ротирам, имајќи го предвид нивниот замор“ посочи тренерот на на Шкендија.










