Шкендија со повик до фановите да се купуваат билети за гостувањето кај Дрита во ЛК!

82
ФОТО: KF Shkendija

Во четврток, на 27 ноември, во меч од 4.коло во Лигата на Конференции, Шкендија и гостува на косовска Дрита. Меч кој е еден од оние кои ќе решаваат дали нашиот шампион ќе игра и напролет во ова натпреварување.

Во врска со овој меч, попладнево Шкендија објави како да се дојде до билет за овој меч кој се игра на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина:

Шкендија објавува дека, според официјалните информации добиени од Дрита, започна ОНЛАЈН продажбата на билети за натпреварот Дрита – Шкендија, важечки за четвртото коло од Конференциската лига на УЕФА. Според соопштението, Дрита одлучи навивачите на Шкендија, „Балистите“ што патуваат од Тетово, да бидат сместени на Јужната трибина, во согласност со поделбата направена од клубот организатор, додека навивачите на Дрита, ќе бидат сместени на Северната трибина.
За останатите фудбалски фанови кои планираат да присуствуваат на овој натпревар, билети можете да купите на линкот подолу.
Ве покануваме да го обезбедите вашиот билет и да бидете дел од овој посебен европски предизвик во Конференциската лига на УЕФА.
Можете да купите билети на линкот: https://eu.ebileta.al/biglietteria/listaEventiPub.do?fbclid=IwY2xjawImr_pleHRuA2FlbQIxMQABHRtgTLtqRhJyWwomv8uAYmDdnha4531eaNlWlkyt98Nm1Ujx-kwm4qlgRA_aem_7awSnYR5Q7pmezC4NreOMg

ПретходноКК Пелистер со убедлив пораз се прости од Европа
СледноШтип УГД преку “златен сет“ до главната рунда во Челинџ Купот!