ГРК Охрид стави печат на пласманот во четвртото квалификациски коло во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на вториот меч го совлада составот на Слога Добој. Македонскиот тим на гостински терен славеше со 18-42.
Охриѓани победата ја најавија во првите 13 минути во кои отворија со 2-9, на средината на првото полувреме резултатот беше 4-14. Доминацијата на македонскиот тим продолжи, на теренот ништо не се промени ниту пред одморот, ниту после него. После 30 минути игра беше 8-19.

Вторите 30 минути беа чиста рутина за македонскиот тим, кој без проблем го приведе мечот во своја корист.
Савревски со девет гола беше лидер кај победникот, пет имаше Лиапис.










