Само бод за Јуве во Фиренца, Влаховиќ беше цел на расни навреди

50
фото: Lega Serie A (X)

Во 12-то коло од италијанското првенство, екипата на Фиорентина успеа да извади реми на домашен терен против Јувентус – 1:1. Во 14-тата минута Влаховиќ успеа да го измами Марио, влезе во шеснаесетникот и падна, а судијата покажа на белата точка. ВАР ја промени одлуката, по што навивачите на Фиорентина продолжија да го навредуваат Влаховиќ, кој беше нивна цел, па за малку мечот можеше да биде и прекинат.

Филип Костиќ успеа да им донесе предност на гостите од Торино, со голот од околу 20-тина метри, додека на почетокот на вториот дел Фиорентина дојде до 1:1 преку Мандрагора.

Јувентус беше подобар тим во вториот дел од второто полувреме, но до крајот не погоди за победа.

ПретходноТФТ убедлив против МКК Куманово, Кожув ги декласира Ангели (ФОТО)
СледноЛудило на “Ст. Џејмс Парк“: Њукасл конечно го “скрши“ Манчестер Сити!