На денешниот слалом одржан во Гургл, Австрија, а секако во рамките од новиот Светски куп, кој што стартуваше пред две недели, триумфираше американката Микаела Шифрин.
Таа на супериорен начин го оствари својот 103 триумф во ова натпреварување, не оставајќи ни најмала дилема околу победникот.
Водеше и по првото возење, а на крајот беше подобра од второпласираната Лара Колтуриа од Албанија, за 1.23 секунди.
На третата позиција се пласираше Камил Раст од Швајцарија.










