Рома убедлива кај Кремонезе

0

Тимот на Рома попладнево успеа убедливо и суверено да триумфира на гостувањето кај Кремонезе во рамките од новото Серија А коло.

Конечните 1:3, се вистински показател за случувањата на овој дуел во кој гостите имаа целосна контрола и не дозволија никакво изненадување.

Матиас Суле по 17 минути игра ги доведе гостите во водство, а потоа на Пелегрини му беше поништен гол за 0:2. Гасперини доби исклучување во 62. минута, а само две минути подоцна иако со десетмина Рома успеа да поведе и со двојна разлика со голот на Еван Фергусон. Весли Франка во 69. минута, зголеми на 0:3, а Фолино во послендите секунди ги постави конелните 1:3.

 

 

ПретходноРеал направи страшен гаф…. простувајќи се од Жота стави слика од жив фудбалер