Стојановски: Добро работевме периодов, а Шкупи не е екипа за еден освоен бод (ВИДЕО)

0

Во пресрет на утрешниот дуел, воедно последен од тековното ПМФЛ коло, тимот на Пелистер ќе одигра дуел во Струга против тимот на Шкупи. Тренерот на битолчани, Милан Стојановски како најава за дуелот вели дека тимот во изминатиов период добро работел, дека има мали провлеми со замор и повреди, но дека сето тоа не треба да биде пречка за добар меч утре.

„Многу ни е полесно по победата во претходното коло. Дадовме и одмор, имаме и мали проблеми со замор, повреди. Тоа е составен дел од спортот. Ќе добијат шанса некои момци кои не биле во прв план. Одиме меч по меч. Шкупи заслужува повеќе од еден бод колку што има во моментов. Шкендија имаше доста проблеми со нив минатото коло. Не очекува тежок меч“ – вели Милан Стојановски.

ПретходноИлиевски за Азербејџан и Ирска: Не постојат држави кои не играат кошарка!