Џиџи Бекали како никој друг ја понижи Ц.Звезда!

107
ФОТО: Sport.ro

Џиџи Бекали, контроверзниот романски тајкун и газда на славната Стеауа или по ноо ФЦСБ познато е како си мина со Шкендија во квалификациите во Лигата на Шампионите, ама тоа не е ништо во споредба со она што вчера го направи.

Имено познато е дека ФЦСБ и Ц. Звезда ќе играат меч во Лигата на Европа во четврток и тоа во Белград.

А самиот Бекали ја понижи Ц.Звезда како никој друг.

Имено тој на новинарите им кажа дека воопшто не го тангира противникот, дека воопшто не го интересира Ц. Звезда и притоа им го соопшти стартниот состав на неговиот тим.

Инаку познато е дека контроверзниот Бекали често има вакви испади. Да потсетиме дека пред реваншот со Шкендија, тој најавуваше победа од 4-5 голови разлика, рече и дека ако ФЦСБ не ги мине тетовци, тој нема веќе да разговара за фудбал.

И не само што Шкендија не прими 4-5 голови туку среде Букурешт славеше со 1:2, а Бекали не го одржа зборот, тој и натаму говори за фудбал.

Инаку ФЦСБ (Стеауа) и Ц. Звезда се единствени клубови од Источна Европа кои биле европски прваци и тоа во 1986 и во 1991 година.

ПретходноВМФЛ: Ќе биде „жешко“ во Новаци, Брегалница го пречекува Осогово
СледноРадивојевиќ: Магдебург е тешко да се изненади, но во Битола покажавме дека се е возможно!