Играчот на Евертон им се извини на соиграчите за црвениот картон, свој коментар имаше и тренерот!

68
ФОТО: Everton Football Club/FB

Синоќа во меч од ПЛ, Евертон како гостибн со 0:1 славеше кај Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“. “Карамелите“ речиси целиот меч го одиграа со играч помалку, а за тоа вина има Идрис Геј, кој несфатливо се степа со својот соиграч Кин и добри црвен картон.

Откако сртастите се смирија, Геј им се извини на своите соиграчи за тој негов глупав потег:

“„Прво и најважно, би сакал да му се извинам на Мајкл Кин. Преземам целосна одговорност за мојата реакција. Исто така, би сакал да им се извинам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот. Она што се случи не го одразува тоа кој сум јас или вредностите за кои се залагам. Емоциите понекогаш ме совладуваат, но ништо не го оправдува ова однесување. Бидете сигурни дека ќе направам сè што можам за да се осигурам дека ова нема да се случи повторно.“

По ова свој коментар имаше и тренерот Дејвид Мојс:

Кажано ми е дека според правилата на играта, ако го удрите сопствениот играч, можете да бидете во неволја. Но, постои и друга страна. Ми се допаѓа кога моите играчи се караат едни со други, ако некој не го направил правилното нешто“ изјави стратегот на Евертон.

ПретходноФИФА му прости: Роналдо доби суспензија од еден меч и ќе може да игра уште на стартот на СП!
СледноЃорческа елиминирана на стартот на турнирот во Трнава