По вечерашниот тренинг во салата на СРЦ „Кале“, селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, го одреди списокот на 12. играчи кои утре вечер ќе бидат во официјалниот протокол за натпреварот Македонија-Азербејџан.
Илиевски се одлучи за следните 12. кошаркари кои треба да ни ја донесат првата победа во „А“ групата од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година:
ФИНАЛНИ 12 ЗА НАТПРЕВАРОТ СО АЗЕРБЕЈЏАН
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија










