“Верувајте, Витиња е следниот освојувач на Златната топка“!

20
ФОТО: PSG - Paris Saint-Germain/FB

ПСЖ и Тотенхем синоќа на “Паркот на Принцовите“ во Париз, одиграа спектакуларен меч, еден од најубавите досега оваа сезона, а на крајот победата ја однесе европскот шампион со неверојатни 5:3. Блескаше португалскиот репрезентативец во средниот ред на ПСЖ, Витиња. Кој не само што постигна маестрален гол од далечина, туку на крајот заврши со хет – трик, прв во неговата кариера.

По мечот стратегот на Тотенхем, Томас Франк не го криеше своето воодушевување од играта на противничкиот фудбалер:

Јас немам сомневање во тоа, верувајте дека Витиња е слдниот освојувач на Златната топка. Тој на последниот избор заврши како трет, а по овој меч можам да кажам само – ВАУУ. Според мене тој во моментов е најдобриот играч од средниот ред во светот и следен освојувач на Златната топка“ искоментира тренерот на Тотенхем.

ПретходноЕден е Жељко: Ова го има само КК Партизан – Обрадовиќ меѓу своите “Гробари“! (ВИДЕО)
СледноПознати се стартните состави: Шкендија ќе ја напаѓа Дрита со Тамба, Љатифи, Спахиу…