И дефинитивно еден е Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот тренер во Евролигата со девет пехари. Но, исто така треба да се каже дека тоа што го има КК Партизан, посебно неговите фанови, ретко на кое друго место може да се види.
Конечно, Жељко слета на аеродромот во Белград поздравен од илјадници фанови на Партизан, кои не кријат дека не сакаат да слушнат тој да го напушти клубот. Следува состанок со челниците на клубот а потоа најверојатно официјална објава дека тој и натаму е тренер на КК Партизан.
Пречекот кој што “Гробарите“ му го приредија вечерва, секако дека ќе остане за паметење. И не само во аеродромската зграда, фановите го “окупираа“ целиот аеродром “Никола Тесла“, како и патиштата кои водат до него се со цел да му се даде поддршка на својот омилен стратег.
Еден е Жељко….
NASTALA JE LUDNICA – NA BEOGRADSKI AERODROM STIGAO JE ŽELJKO OBRADOVIĆ! pic.twitter.com/aPinroeQBz
— Gooooool 🧐 (@Gooooool48) November 27, 2025










