Илиевски: Заслужена победа! Честитки до момците!

0

Македонската кошаркарска репрезентација тргна со убедлива победа во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година, откако на домашен терен славеше против Азербејџан со 87-49. Следен противник на избраниците на Марјан Илевски е Ирска, селекција која исто така мора да се добие.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Марјан Илиевски беше задоволен од прикажаното, но истовремено потенцира дека мора да се заборави овој меч бидејќи веќе утре нашите момци заминуваат за Ирска каде во недела го играат вториот дуел.

„Заслужена победа, имаме одлична тимска хемија што е за пофлба. Никого не потценуваме. Пофалба до играчите бидејќи за краток период успеавме да функционираме одлично, а тоа го покажавме на терен. Денешниот меч треба да го заборавиме и да се подготвиме за она што не очекува.

Секогаш треба да играме со енергија на високо ниво. Без разлика кој е на другата страна, секогаш сме со надеж за победа. Наша работа е да направиме добар скаутинг за Ирска и да ги рехабилитираме играчите со поголем минутажа“, рече Илиевски.

ПретходноКЛ: Сигма на Костадинов со важна победа над Целје, прв пораз на Мајнц