Македонскиот шампион, екипата на Шкендија вечерва во Приштина, на стадионот Фадил Вокри го игра најновиот дуел од групната фаза од овогодинешното издание на Лигата на Конференции.
Тетовци по 45. минути имаат негатива од 1:0 откако домаќинот успеа да постигне гол преку Манај во 21. минута.
Пред се тоа беше лоша реакција на одбраната на Шкендија која што не успеа да расчисти нафрлена топка која што одеше во воздух добри триесетина метри. Наместо тоа, Фетаи лошо ја зафати топката со глава, која што не замина далеку туку падна на ногата на Манај, а овој со полуволеј некако ја зафати и таа одседна во мрежата на Шкендија.
Тетовци пак се обидоа еднаш преку Спахиу во 17. минута, а обид имаше и Решат Рамадани кој што во истата акција два пати шутираше но и два пати беше изблокиран. Македонскиот репрезентативец се обиде во 26. минута.










