Силекс се „удави“ во калта, Арсими ги однесе бодовите од Кратово (ВИДЕО)

1

Во првиот дуел од новото ПМФЛ коло, тимот на Арсими на гостински терен во Кратово кај Силекс успеа да слави со конечни 1:3 и на тој начин да го шокира што се вели реално фаворитот на хартија.

Сепак, она што денеска се случуваше во Кратово денеска, и условите кои под кои што се одигра овој дуел е типичен пример за тоа што се вели македонска фудбалса реалност. Состојбата на теренот беше и повеќе од очајна, дуелот почна со половина час задоцнување и едвај се доигра. Топката речиси и да не се движеше по калливиот терен, особено во двата шеснаеетника.

 

Невидено тешките услови за игра во Кратово денеска доведоа да има екстремно многу грешки и истите создадоа голем број на мешаници, ситуации, пред двата гола.

Во шестата минута Тимовски нафрли, а Говедарица со глава ја погоди гредата. Следуваше шансата на истиот играч кој сам се избори за удар но тешкиот терен ја успори топката. Донов во 15. минута со удар од далечина исто така се закани.
За да Бутуровиќ со удар со глава од петерецот го погоди дирекот.

Арсими погодува за водство

Со серијата промашувања на домаќинот во самиот финиш на полувремето, Арсими изведе аут, одбрана на Силекс не реагираше како што треба, Велиу нафрли, а Хуриќ на петерецот осамен реализира за гостинско водство.

 

youtube.com/watch?feature=shared&v=ZvXiM9veQnk

Хаосот продолжува и во вториот дел

Ако во првото полувреме условите беа катастрофални, ништо подобри не беа ниту во продожението. Сепак, тоа не им пречеше на двете екипи повторно да создадат многу зицер ситуации. Таипи со глава имаше ситуација но Џеков со екстремно добра одбрана спасува 0:2.

На спротивната страна србинот Говедарица го забележува веројатно промашувањето на кариерата, кога не погоди во буквално празната мрежа на Арсими по карамболот на голманот и потесната одбрана.

Донов е следниот кој се закани во 57. Минута со удар, а во 61. Минута имаме промена на резултатот. Ринор Ајдини со одмерен удар од полудистанца погодува за двојно гостинско водство и за сериосна предност.

Мирчевски ја враќа неизвесноста

Силекс од тој момент немаше веќе што да чека и тргна со сите сили напред. Онолку колку што условите дозволуваа.

Донов со ретко убав удар од преку дваесет метри го погоди дирекот, топката се одби до Мирчевски, а овој погодува во празната мрежа за 1:2.

Таипи ја запечатува гостинската победа

Само шест минути подоцна, во 81. Минута Таипи одлично се снаоѓа во противничкиот шеснаесентик и погодува за 1:3. Трет погодок за гостите, и проблем кој Силекс немаше сила повеќе да го реши. Ајдини погоди и за 1:4, но тој гол беше поништен

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА:1.250.000 ЕВРА ЗА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ ВО ОКТОМВРИ!