Медиумите во Србија веќе повеќе од 24 часа единствено се бават со оставката на Жељко Обрадовиќ на кормилото на КК Партизан, и напорите од клубот, истата да биде повлечена.
Откако Обрадовиќ вчера вечер се појави повторно во Белград, и беше пречекан од страна на илјадници навивачи уште на Аеродромот во Сурчин, денеска во 13:00 часот беше закажан состанок на Извршниот одбор на клубот директно со Обрадовиќ.
Тема секако неговата оставка, која што никој очигледно не ја прифаќа, и во клубот и во јавноста, но очигледно и дека Обрадовиќ нема намера да ја повлече.
Неофицијалните информации се дека Обрадовиќ го напуштил состанокот кој што траел повеќе од два часа без да се согласи на ништо, а јавноста ќе добие конечен одговор преку официјалното соопштение од КК Партизан.
Истото би требало да пристигне до утре изутрина.










