„Нула“ во Менхенгладбах, “Биковите“ само до бод!

24
ФОТО: RB Leipzig/FB

Борусија Менхенгладбах – Лајпциг 0:0 е исходот од вечерашниот меч во Бундеслигата. Домашните фудбалери ја прекинаа серијата од три последователни победи откако одиграа без голови на домашен терен против второпласираниот Ред Бул Лајпциг во првиот натпревар од 12-тото коло од германското првенство.
Во првите 45 минути, ниту една од екипите не виде шут кон голот, но гостите беа малку поконкретни и понатпреварувачки расположени од своите ривали.
Она што не се виде во првото полувреме, се виде во втората минута од вториот дел, кога Франк Хонарт му донесе водство на својот тим, но голот беше поништен поради офсајд.
Тоа беше јасен сигнал за тренерот на Лајпциг да промени нешто, па направи двојна замена во 66-тата минута, внесувајќи ги Бакајоко и Банзуци, со што јасно стави до знаење дека ќе се стреми кон напаѓачка ориентација.
Како што се приближуваше последната третина од второто полувреме, сè изгледаше дека натпреварот ќе заврши со мирни 0:0, но во 74-тата минута се случи спорна ситуација во шеснаесетникот на Лајпциг каде што домашниот тим бараше пенал.
Се чинеше дека Орбан направи недозволен старт врз еден од играчите на Борусија, но ВАР покажа дека нема ништо сомнително и дека искусниот стопер прв ја исчисти топката.
Овој момент како да ги охрабри гостите, кои во 80-тата минута ја имаа најдобрата шанса преку Раум, но брзиот лев бек ја погоди стативата. Па така на крајот се заврши овој мел без голови.

ПретходноСП 2025: Германија го „торпедираше“ Уругвај, Србија ја доби драмата со Исланд
СледноНи ЛШ не е недостижна: Комо со триумф и против Сасуоло!