Голем хендикеп за Вардар 1961, без Тузолана до крајот на полусезоната

68

Екипата на Вардар 1961 утре го игра последниот меч од групната фаза во Европската лига, во СЦ „Јане Санднски“ гостува тимот на Тулуз, противник кого го совлада на гостински терен. Ова би требало да значи само едно – „црвено-црните“ треба да го потврдат првото место во групата.

Тренерот Иван Чупиќ на оваа средба нема да може да смета на услугите на Мишел Жуниор Тузолана, кој се повреди и нема да се врати на терените до крајот на полусезоната.

Вардар долго време е без Милан Лазаревски и Мигуел Еспиња, до крајот на полуезоната ќе биде отсутен и Мамаду Кеита.

ПретходноМбапе беше крајно фрустриран по киксот на Реал
СледноТаневски го објави списокот за новоформираната фудбалска репрезентација