Во таборот на Струга Трим Лум секако дека владее одлично расположение по највисоката прволигашка победа. Викендов против Башкими тимот на Трим Лум обезбеди голем триумф од 6:0, и на тој начин ја потврди и понатаму битката за есенската титула. Иако има само уште едно коло, стружани и натаму не се откажуваат од трката.
„Натпреварот не започна најдобро, речиси петнаесетина минути бевме „поспани“ и не реагиравме како што треба. Потоа, со постигнатиот гол, играчите како да се опуштија и ја надминаа мини кризата. Реков дека најголемата сила на оваа екипа е тимскиот дух. Се надеваме дека и на последниот натпревар ќе бидеме на исто ниво“ – рече тренерот Бледи Шкемби.















