Како што беше во 2021 и таа епска битка меѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон, нешто слично ќе биде и сезонава. Имемно големата награда на Абу Даби, последната трка во сезоната, ќе одлучи кој ќе биде шампион во Формула 1 оваа година, а пред неа во конкуренција се дури тројца возачи. Најблиску до титулата е Ландо Норис, кој има 408 поени на чело на генералниот пласман, по него следуваат Макс Верстапен, со 12 поени помалку, и Оскар Пјастри, чија разлика во однос на неговиот совозач е 16 поени.
Во Абу Даби има 25 поени на располагање, а наједноставната пресметка за шампионатот е онаа што се однесува на Норис – ако е на подиумот, без оглед на тоа што ќе направи Верстапен или Норис, тој ќе стане шампион.
Но, да ги разгледаме сценаријата за сите тројца во пресрет на трката на патеката “Јас Марина“ во недела.
Како Норис ја добива титулата?
Норис ќе ја освои титулата ако победи или заврши втор или трет.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши четврти или петти, а Верстапен втор во најдобар случај, без разлика што ќе направи Пјастри.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши шести или седми, Верстапен е втор во најдобар случај, а Пјастри не победи.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши осми, Верстапен е трет во најдобар случај, а Пјастри не победи.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши деветти, Верстапен е четврти во најдобар случај, а Пјастри не победи.
Норис ќе ја освои титулата ако е 10-ти, Верстапен е четврти во најдобар случај, а Пјастри е барем трет.
Норис ќе ја освои титулата ако не освои ниту еден поен, ако Верстапен е четврти во најдобар случај, а Пјастри е барем трет.
Како може Верстапен да ја освои титулата?
Верстапен ќе ја освои титулата ако победи, Норис ќе биде четврти во најдобар случај, без разлика што ќе направи Пјастри.
Верстапен ќе ја освои титулата ако заврши втор, Норис ќе заврши осми во најдобар случај, а Пјастри заврши барем трет.
Верстапен ќе ја освои титулата ако заврши трет, Норис во најдобар случај деветти, а Пјастри барем втор.
Како може Пјастри да ја освои титулата?
Пјастри ќе ја освои титулата ако победи, Норис е шести во најдобар случај, без разлика што ќе направи Верстапен.
Пјастри ќе ја освои титулата ако заврши втор, Норис во најдобар случај 10-ти, а Верстапен барем четврти.
Гран При на Абу Даби, со која завршува овогодинешното првенство во Формула 1, е на програмата од петок до недела на патеката Јас Марина.










