СП 2025: Србија со голем пресврт ја победи Шпанија

1
фото: ihf.info

Женската ракометна репрезентација на Србија ја победи Шпанија по пресврт во првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство. Србинките во Дортмунд славеа со резултат 31:29 (17:19).

Србија беше многу лоша до последните десет минути од натпреварот, правејќи многу грешки – а потоа се врати со серија од 8:1.

Најефикасна кај Србија беше Јована Јововиќ со седум гола. Јована Скробиќ, Александра Вукајловиќ и Катарина Крпеж-Шлезак додадоа по пет гола, а Драгана Цвијиќ четири.

Патриша Со Делгадо се истакна за Шпанија со 11 гола.

ПретходноТрајковски: И Локомотива и јас имаме потреба од овој трансфер