Во луд натпревар со 9 постигнати гола, екипата на Манчестер Сити на крајо0т замина со трите бода од гостувањето во Лондон против екипата на Фулам. Гостите славеа со 4:5, а домашните покажаа дека имаат извонреден напад кој им создаде големи главоболки на ѕвездите на Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити почна силовито и со голот на Халанд во 17. минута поведе со 0:1, а веќе до финишот на првиот дел „граѓаните“ имаа предност од 0:3 со головите на Рејндерс и Фоден. Домашните успеаја преку Смит Роу да намалат на 1:3 и со овој резултат да одат на одмор.
Но само што почна вториот дел, почна дождот од голови. Фоден со вториот гол ги донесе гостите до 1:4, Берге со автогол им донесе на гостите и 1:5, а потоа на сцена стапија Ајводи и Чуквуезе. Првиот погоди за 2:5, а Чуквуезе на двапати во серија во 72. и 78. минута погодуваше за 4:5. До крајот иако се обидуваа да израмнат, домашните немаа сили за таков чекор.
Џек Грилиш со гол во 78. минута донесе нова победа за фудбалерите на Евертон, овој пат дотолку повредна затоа што беше изборена на гостински терен кај екипата на Борнмут. „карамелите“ продолжија со одличните резултати во последно време и вечерва ја остварија и третата победа во последните четири натпревари, која ги носи на високото деветто место на табелата со 21 освоен бод.










