Фудбалерите на Ливерпул и Сандерленд ремизираа со 1:1 во вечерашниот дуел од англиската Премиер Лига. Избраниците на Арне Слот повторно одиграа под очекувањата и не успеаја да ги совладаат „црните мачки“.
Сандерленд изненадувачки поведе во 67-та минута преку Талби. До крајот на мечот Ливерпул притискаше и стигна до изедначување со автоголот на Мукиеле во 81-та минута, но домашните не успеаја уште еднаш да го пробијат бедемот на гостинскиот тим. Со ова реми Ливерпул остана на 8-мото место на табелата со 22 бода, додека пак Сандерленд ја продолжи фантастичната серија и се наоѓа на 6-тото место со само два бода повеќе.
Во вториот натпревар кој се одигра вечерва, Лидс Јунајтед изненадувачки го совлада Челзи со 3:1. Ваков резултат најмногу му оди во корист на првопласираниот Арсенал кој има 5 бода предност на врвот на табелата. Лидс постигна два погодоци во првото полувреме преку Бијол во 6-тата и Танака во 43-тата минута. Во второто полувреме Педро Нето го намали водството на домаќините во 50-тата минута, но во 72-та минута Калверт Луин го постави конечниот резултат.










