Јевтоски: Струга ТЛ го има најдобриот тим во ПМФЛ

79

Екипата на Струга Трим Лум следниот викенд во рамките од последното 16. коло од есенскиот дел од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш. Екипа која што во финишот на полусезоната резултатски и играчки се рехабилитираше.
Струга ТЛ е на самиот врв на табелата и ќе чека евентуален кикс на Вардар, па со освоени три бода во Кавадарци да слави есенска титула.

„Да, имаме серија победи, која верувам дека ќе ја продолжиме во Кавадарци. Ние сме најдобриот тим во моментов, па како и на секој друг натпревар, ќе играме за цели 3 бода против Тиквеш.“ – рече Стефан Јевтоски.

„Головите се само како награда за добрата работа што ја вршиме на теренот. Секако, би сакал повторно да постигнам гол, но јасно е дека трите бода се најважни.“ – рече Јевтоски, кој не крие дека Струга Трим Лум го има најдобриот тим во првенството.

„Мислам дека оваа година го имаме најдобриот тим и верувам дека на крајот ние ќе бидеме тие што ќе излезат шампиони. Вардари е квалитетен тим, тоа го докажуваат и со серијата натпревари без пораз, но мислам дека ние сме поквалитетен тим и на крајот верувам дека ќе бидеме први.“ – рече Јевтоски на крајот, кој оваа сезона има 11 натпревари, 2 гола и 1 асистенција

 

 

ПретходноГолем удар за Реал Мадрид: Александер Арнолд паузира два месеци
СледноРиера фаворит за клупата на Словенија