Влаховиќ оди на операција, во „аут“ минимум до март

13
фото: H @HQpcrt (X)

Српскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ заминува на операција. Тој неодамна се повреди, очигледно потешко, и ќе мора проблемите да се решат со хируршки зафат.

Тоа значи дека тој ќе одуствува од терените минимум до месец март следната година, што ќе рече дека ќе паузира нешто повеќе од три а можеби и повеќе месеци.

Душан Влаховиќ ќе биде опериран во четврток во Лондон. Србинот има сериозна повреда на мускулно-тетивниот зглоб на левиот аддукторен мускул. Станува збор за повреда која за еден фудбалер, особено за напаѓач кој се потпира на сила и експлозивност како него, е речиси еквивалентна на фрактура.

ПретходноЦветаноски стрелец во ремито на Железничар
СледноИран ја „смени плочата“…. ќе присуствува на мундијалската ждрепка