„Лавовите“ ќе пробаат да ја расипат забавата на Вардар

42

Тимот на Македонија ЃП како завршница на оваа есенска ПМФЛ сезона на менито денеска го има Вардар. Лидерот, и претендентот за освојување на есенската шампионска титула.

Во Ѓорче Петров сезонава почна и повеќе од солидно. Стабилен клуб, добра екипа, и ништо не наговестуваше дека ќе дојде ситуација во која половина од екипата ќе биде суспендирана, поради внатрешни проблеми во клубот, и дека „Лавовите“ со половина младински состав ќе ја доиграа полусезоната.

Сепак, и во таква ситуација, Македонија ЃП минатото коло освои бод во Битола, па зошто овој тим да не го стори тоа и на домашен терен денеска против реално огромниот фаворит. Мотив за тоа секако има, кој не сака да си ги одмери силите со Вардар. А дали лавовите ќе успеат да му ја расипат забавата на Вардар, останува да видиме.

ПретходноМојсов: Тиквеш е во добра серија, така нека остане и по овој дуел
СледноВардар 1961 и Пелистер ќе имаат ден повеќе одмор пред големата битка