„Градски Парк“ во финалната фаза: Работнички наскоро во модерна сала по ФИБА стандарди (ФОТО)

125
фото: Горан Герасимовски (FB)

Кошаркарскиот клуб Работнички наскоро треба да се врати во својот дом, салата „Градски Парк“. Последните фотографии од работите кои се изведуваат, велат дела во моментов се поставува паркетот, кој веќе следната недела ќе биде целосно завршен. Во тек е и доинсталација на семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето се веќе финализирани.

Салата е целосно енергетски ефикасна, со подно греење, современ систем за ладење, греење и проветрување, нови трибини, црвено-бел амбиент во боите на КК „Работнички“, соблекувални, простории за судии, медицинска и допинг-контрола, како и инклузивни тоалети со пристапна рампа.

ПретходноУште една руска тенисерка го смени државјанството
СледноРакометарките на „тест“ во Анкара, прв противник Турција