Јасно е дека и Македонија има шанси следното лето да биде дел од светската фудбалска смотра,од Мундијалот во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули. Сепак за да дојдеме до таму ќе мораме да победиме во полуфиналето од баражот со Данска на гости и во финалето од подобриот од мечот Чешка – Р. Ирска. Овие мечеви се играат во март.
Во случај Македонија да биде победник од оваа бараж – група Д, тогаш Македонија на СП 2026 ќе биде во групата А и тоа со селекциите на Меиксико, Ј. Африка и Ј. Кореја.
Така сакаше вечерашната ждрепка во Вашингтон вечерва.
Секако дека ова ако се случи ќе биде прекрасно.










