Две нерешени на второлигашките терени

141

Денешната програма во второлигашката конкуренција ни донесе два дуела кои завршија со нерешени резултати.

Тимот на Кожуф на домашен терен имаше водство од 2:0 против Вардар Неготино за да на крајот гостите на тешкиот терен извојуваат реми и дојдат до конечни 2:2.

Од друга страна пак, тимот на Осогово на домашен терен во Кочани не успеа да ги искористи своите шанси и одигра само 0:0 против тимот на Новаци.

Останатите дуели од ова 15. воедно и последно коло од ПМФЛ шампионатот се играат утре.

 

ПретходноШкендија со триумф ја заврши есенската полусезона (ВИДЕО)
СледноБуендиа го реши дербито, Астон Вила со голем триумф над Арсенал