Барса испука „петарда“ во мрежата на Бетис (ВИДЕО)

32
фото: LaLiga (X)

Барселона се враќа со целн плен од гостувањето кај Реал Бетис во мечот од 15-тото коло во Ла Лига. Каталонците славеа со убедлив резултат (3:5), во натпревар во кој домашните први поведоа, но потоа на сцена стапи Феран Торес, кој постигна хет-трик.

Домашните поведоа во шестата минута преку Антони, а потоа Феран Торес во 11-тата минута постигна гол за израмнување, а само две минути потоа за целосен пресврт (1:2). Во 31-та минута, младиот Барџи го зголеми водството на Барса, по асистенција на Педри (1:3).

Кон крајот на првото полувреме, феноменалниот Торес го постигна својот трет гол денес, со што „Блауграна“ поведе и со 1:4 на полувремето.

По еден час игра, „петардата“ експлодираше во Севиља. Гостите добија пенал, а Јамал ја презеде одговорноста и постигна гол за резултат 5:1. До крајот на натпреварот Бетис успеа да го намали водството преку Љоренте, а потоа и Кух Ернандез, кој постигна гол од пенал и го постави конечниот резултат.

ПретходноОбјавен распоредот за Мундијалот: Ако стигнеме на СП 2026 дебито ќе го имаме со Ј. Кореја
СледноЛиверпул како просечен премиерлигаш: Прокоцка 0:2 за бод кај Лидс (ВИДЕО)