Во тимот на Работнички, со оглед на очајната полусезона и претпоследната позиција на ПМФЛ табелата, секако дека зимава ќе има сериозна реконструкција на ростерот.
Па така, не се чекаше премногу за да се објави и првото заминување од клубот. Џелил Асани повеќе нема да го гледаме во дресот на Работнички, а многу веројатно во деновите кои следуваат ќе има уште неколкумина кои што ќе го фатат неговиот пат.
Секако, ќе има и новитети, доколку Работнички сака по децении успешно опстојување во ПМФЛ лигата да го задржи тој статус.















