Италијанците бесни на условите на мечот со Штип УГД: „Игравме на температура од 12 степени, со три генератори кои чадеа и лифт во кој се заглавивме“

93
фото: volleynews.it

Ден по враќањето во Италија, преставниците на Алианц Милано кој беше противник на Штип УГД во Челинџ Купот на ЦЕВ излегоа со бројни критики на организацијата на натпреварот во Радовиш. Според објавите во италијанските медиуми, Италијанците се фрапирани од студенилото во салат „25 Мај“ во Радовиш, каде што тврдат дека температирата не надминувала 12 степени.

Тренерот Роберто Пјаца за италијанските медиуми изјави дека е среќен што на такви услови успеале да избегнат сериозни повреди на одбојкарите.

„Да кажеме само дека го постигнавме најдобриот можен резултат со извонреден напор да останеме на теренот во навистина екстремни услови. Во сала со температури меѓу 12 и 13 степени Целзиусови неше многу комплицирано. Разочаран сум бидејќи ЦЕВ беше совршено свесен за оваа ситуација. Очекуваме нешто повеќе од оние кои го водат нашиот спорт на европско ниво. Единственото позитивно нешто, ако воопшто има, е што никој не се повреди, бидејќи на овие температури навистина има многу ризик за професионалните играчи“, изјавил Пјаца.

Сабрина Ангелеску, заменик-генерален директор на „Алијанц Пауерволеј Милано“ и организациски директор за настани на ЦЕВ, ги осуди „неприфатливите“ услови во спортската сала во Радовиш, каде што натпреварот велат се играл на температури од околу 12 степени Целзиусови, далеку под ограничувањата на регулативата на ЦЕВ (16–25 степени Целзиусови).

Ангелеску вели дека супервизорот на натпреварот првично ја прифатил жалбата на миланскиот клуб, известувајќи го и ЦЕВ за слабото осветлување.  Сепак, од ЦЕВ одлучиле натпреварот да се одигра. Таа исто така се пожалила на греењето во објектот со три „неефикасни“ генератори кои доста чаделе, ситуација која довела и до откажување на утринскиот тренинг. Капак на се, бил бизарниот инцидент во кој тројца играчи на италијанскиот тим (Ичино, Катанија и Линдквист) се заглавиле во лифтот на салата.

Претходно“Бомба“ во најава: Лаутаро Мартинез во Барселона?!
СледноШкендија активираше “БОМБА“: Ндзенгуе е новата МАШИНА за голови!