Светскиот шампион Франција беше поразена од феноменалната Германија во првото полуфинале на Светското првенство за жени. Во денешниот прв полуфинален меч Германија славеше со 29:23 (15:12) и обезбеди пласман во битката за златото. За Германките ова ќе биде шанса да се вратат на светскиот трон по пауза од 18 години.
Доминацијата на Германија ја донесоа Антје Дол со девет гола, Емили Фогел со пет, Виола Лехтер и Аника Лот со по четири гола. За Франција, Лена Грандву и Сара Буктит постигнаа по пет гола.
Во второто полуфинале ќе се соочат Норвешка и Холандија.










