Сосема очекувано и убедливо, ракометарите на Алкалоид вечерва на отворањето на 17. коло во Суперлигата го совладаа тимот на МРК Куманово со 42:25. Во Автокоманда, Алкалоид одигра одличен меч, особено во завршницата, кога главно и ја направи оваа висока разлика.
Кумановци на моменти се обидуваа да одржат ниво и темпо во играта, но разликата во квалитетот беше очигледна. Во првиот дел Алкалоид до 12-тата минута веќе имаше предност од 4 гола (9:5), а до полувреме ја удвои предноста за 20:12.
Во вториот дел во првите 10 минути и двата тима играа гол за гол, по што следуваше втор налет на домашните и високи +11 на средина на вториот дел (29:18), До крајот Алкалоид успеа да ја зголеми разликата за обезбедување на 12-тата победа.
Скоро сите ракометари кои вечерва добија шанса во тимот на домашнте успеаја да се запишат меѓу стрелците. Најефикасни беаБорзаш, Петковски и Серафимов со по 6 гола. Галевски имаше 15 интервенции. Кај гостите Стојков со 5 погодока беше најефикасен.










