Секако дека е потребна детална анализа, но се чини дека оваа 2025/26 сезона во Европа за нашите клубови е рекордна. Иако истата трае сеуште за Шкендија, но треба веднаш да се каже дека македонските клубови барем засега успеале да дојдат до ДЕВЕТ победи во европските клупски натпреварувања, нешто што досега не се случило.
Па така од јули навака само Работнички не успеа да победи.
Силекс (1 победа) во 1.квалификациско коло во ЛК дома славеше против Дечиќ со 2:1. Вардар (2) дома во првите две квалификациски кола во ЛК ги победи Ла Фиорита и Лозана со 3:0 и 2:1.
Шкендија (6) досега славела против ТНС со 2:1, со ФЦСБ 1:0 и 2:1 во квалификациите за ЛШ, со Лудогорец 2:1 во плеј – офот во ЛЕ и со Шелбурн 1:0 и Слован 2:0 во Лигата на Конференции.
Значи од тие 9 победи на контото на Шкендија одат дури 6.
Со тие 9 победи мак – фудбалот е на рамниште, барем засега, на Хрватска, Косово, Бугарија а подобри сме од БиХ, Албанија, Шкотска, Израел, Словачка, Финска како што се гледа подолу од табелата.
Да не говориме дека само поради Шкендија, клупскот рејтинг се “набилда“ на 7.666 и сега сме на 46.место а бевме под 50.место.
Уште Шкендија да се пласира во плеј – офот во Лигата на Конференции и да има европска пролет, се ќе биде совршено за нејзе и не само заради упте поголема заработка, засега таа 5,4 милиони евра, туку и поради својор ранкинг и вооопшто на Македонија.










