Во четврток од 21 часот Шкендија во Ларнака му гостува на АЕК Ларнака. Ова е меч од последното 6.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции. Во четврток откако ќе се одиграат сите мечеви и ќе заврши лигашката фаза во ова европско натпреварување ќе знаеме дали нашиот шампион ќе испише историја, ќе се пласира во плеј -офот и ќе има европска пролет. Со малку среќа може и со пораз во Ларнака до таков успех.
Кога сме кај судиите на овој меч тие доаѓаат од Литванија. Главен судија е Манфредас Лукјанчукас. Него ќе му помагаат Мангирдас Мираускас и Александрас Степановас, четврти е Вилус Пауласкас.
Судиите во ВАР собата се Донатас Шименас и Орестас Абрамавичиус, исто од Литванија.










