Поинаку и не можеше. Сега веќе Игор Ангеловски и официјално не е веќе тренер на Етникос Ахна. Имено пред неполн час, раководството на клубот од Кипар преку своите соцјални мрежи официјално потврди дека ја прифати оставката која Мрме ја даде и притоа му се заблагодари на досегашниот ангажман во изминатите два месеци.
Исто така клубот од Ахна му се заблагодари и на помошникот на Мрме, Милан Илиевски.
Инаку како што е познато, некогашниот селектор на нашата А-репрезентација, по серијата од шест порази по ред завчера си поднесе оставка.










