Дисциплинската комиција при Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод немилите настани кои што се случија на дерби дуелот од последното коло од домашниот шампионат помеѓу екипите на Охрид и Пелистер.
Како што е добро познато Охрид го изненади Пелистер со уверлива победа, а настаните кои се случија потоа, и зададоа работни задачи на дисциплинската комисија.
Официјани суспензии добија Дејан Манасков кој што ќе треба да одлежи тримесечна казна, додека пак, Крсте Андоновски ќе го нема на три натпревари.
На двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 денари.











