По последниот тренинг на ЛА Лејкерс, словенечката ѕвезда Лука Дончиќ имаше едно големо божиќно изненадување за своите соиграчи. Во стилот на Додо Мраз, Лука на сите свои соиграчи и остатокот од персоналот на Лејкерс им подели врвни електрични велосипеди, кои, според некои пресметки, чинат доста пари.
Велосипедите беа украсени со златни ленти и на секој од нив беше испишано името на еден од играчите или членовите на персоналот. Неколку играчи веднаш го пробаа велосипедот и беа воодушевени.
The squad loved Luka’s Christmas gift 🙌 pic.twitter.com/xJf5WiQcnc
— Los Angeles Lakers (@Lakers) December 17, 2025










