Руските власти му ги запленија средствата на Крим, на Александар Усик, светскиот шампион во бокс во тешка категорија. Тој се најде во центарот на нов геополитички скандал. Откако Русите тврдат дека ја финансирал украинската војска.
Владимир Константинов, претседателот на кримскиот парламент назначен од Русија, објави дека имотот на познатиот боксер е додаден на списокот на „национализирани“ средства, заедно со 84 други физички и правни лица.
„Целта е да се идентификуваат средствата на секој што би можел да ја загрози безбедноста на Руската Федерација и Крим и да се запре секоја активност насочена против нашата земја.“
Оваа година, Усик ги обедини појасите на сите верзии од тешката категорија. Олимпискиот шампион од Лондон во 2012 година стана неоспорен светски шампион за првпат во 2020 година и е единствениот боксер во историјата што го сторил тоа во двете најтешки категории во ерата на четири појаси – WBA, WBC, IBF и WBO.










