Дабл-дабл на Димитријевиќ во убедливата победа на Зенит

25
vtb-league.com

Ненад Димитријевиќ запиша дабл-дабл учинок во убедливата победа на Зенит против Локомотив Кубан од 98-69. Ова беше битка за третото место на табелата во ВТБ-лигата.

За тимот на македонскиот репрезентативец ова беше 11. триумф во ВТБ-лигата, има и пет порази, и се наоѓа на третото место на табелата.

Димитријевиќ во игра мина 28. минути кои пак беа доволни за дојде до 12 поени и 11 скока. Најдобриот македонски кошаркар имаше и три скока.

Во следното коло, Зенит му гостува на поранешниот клуб на Димитријевиќ, Уника Казан.

ПретходноПелистер победнички ја заврши годината!
СледноНа Сити му се заканува исфрлање од Премиер-лига: Пресудата ќе ја дознае до Божиќ?