Куп на Шпанија: Расинг го елиминира Виљареал, Селта испадна на пенали

108

Во првиот дел од денешната програма во шпанскиот Копа Дел Реј, најголемото изненадување го приреди лидерот на Секунда дивизијата, тимот на Расин Сантандер кој што го елиминираше сезонава одличниот тим  на Виљареал. Конечниот резултат гласи 2:1.

Од друга страна пак, тимот на Албасете по подоброто изведување на пеналите на елиминира екипата на Селта, додека пак Атлетико Мадрид оди понатаму со елиминација на нисколигашот Балеарес со 2:3.

Тимот на Хуеска загуби од Осасуна во продолженијата од 2:4. Конечно, тимот на Културал Леонеса со 1:0 направи сензација против Леванте.

Овие дуели се од 1/16 финалната фаза.

ПретходноРешат Рамадани со сто настапи за Шкендија
СледноЕФЛ Куп на Англија: Сити рутински против Брендфорд