Чкембари со порака до Манасков: Дејан со тебе сме

194

Екипата на Е.Пелистер последниот дуел во оваа 2025 година го одигра против тимот на Тиквеш и обезбеди сигурна победа од 29:21.

Битолчани се вратија на терен за прв пат по она лошо издание во Охрид, и инцидентите кои се случија таму и кои кулминираа со суспензијата на искусниот Дејан Манасков. Тој нема да може да настапи во следните три месеци, затоа што имаше физична пресметка со помошникот тренер на Охрид, Крсте Андоновски.

Па така, откако се дозна и официјално неговата казна, изречена од Дисциплинската комисија, денеска навивачката група Чкембари му посвети банер со поддршка велејќи дека се со него во овие тешки моменти кои ќе ги минат заедно.

 

 

ПретходноМбапе му обезбеди на Реал Мадрид следна фаза во купот
СледноКапитенот Ибраими со роденден во Ларнака (ВИДЕО)