Евролига: Црвена Звезда со екстра победа против Виртус Болоња

107

Тимот на Црвен Звезда вечерва во преполната белградска Арена успеа во својот нов настап во Евролигата да го совлада супер квалитетниот тим на Виртус Болоња со минимални 90:89.

Искучително тежок меч во кој водството се менуваше како на филмска лента, особено во финишот на мечот, а клучиниот момент беше промашувањето на Едвардс кој имаше фантастична вечер од 29 поени. Сепак, не го погоди последниот шут што значеше и поведа за домаќинот.

Звезда сега е осма со 27 поени додека Болоња е дванаесетта со 25.

Од друга страна Олимпијакос немаше поголеми проблеми во дуелот со Лион и победи со 107:84.

 

ПретходноДомашно реми на Валенсија против Мајорка
Следно„Хаосот“ од три продолженија за Барселона